Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Креативни работилници во рамките на проектот “И покрај се можеме”

Како втора фаза од реализација на проектот И покрај се можеме, младите од клубот одржаа креативни работилници во неколку институции, со најразлични материјали, техники прилагодени според нивната возраст и можности.

Почетокот беше со првата работилница ( 06.11.2008г.) во СОС детското село. На неа активно учество земаа 7 младинци од Црвениот Крст и присутните дечиња во СОС селото. На работилницата се изработуваа украсни вазнички и украсни апликации за стакло и прозорци, со техниката витраж.
На 20.11.2008г. беше оддржана работилница во училиштето Димитар Влахов. Цел на работилницата беше изработка на новогодишни честитки, како и фигури од глинамол, по желба на дечињата. Беа изработени прекрасни новогодишни честитки кои секако, покрај децата од училиштето, ќе израдуваат и ќе внесат топлина оваа зима во нечиј дом. Работилница се одржа и во просториите на Црвениот крст на град Скопје со која  беа опфатени деца од школска возраст, до 8 одделение од семејстата баратели на азил. Работилницата се состоеше во изработка на форми и цртежи од глинамол, како и хеклање (плетење) со една игла. Повеќе познавања за плетењето имаа девојчињата, па тие ги учеа младите активисти од Црвен крст околу техниката на изработка.
Младите од клубот како и 3 ученички-средношколки од гимназијата Нова кои изразија интерес да присуствуваат на работилницата присуствуваа н акреативна работилница во домот за деца без родители 11 Октомври. Се изработуваше накит од монистра - обетки, алки за на рака и ланчиња, кој понатаму ќе се продава во хуманитарни цели.
Преку овие активности на младите од клубот постигнавме многу дружење, нови пријателства и разубавување на секојдневието на децата и младите кои беа опфатени со работилниците, но и продолжување на заедничката дружба.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE