Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Активности по повод Новогодишните празнци и Василица

Црвениот крст на град Скопје традиционално за новогодишните празници и Василица развесели голем број целни групи на коишто им е потребна поддршка за време на празниците. Исто така беа организирани низа активности со цел дружење и убави моменти за сите оние со кои соработувавме во текот на минатата година.

Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје  подели околу 50 пакетчиња на децата од дневните центри за деца од улица. Средствата се од собирната акција која се реализираше од 25-31.12.2008 год. во маркетот Веро ГТЦ каде граѓаните има можност да донират и да ја покажат својата хуманост. При делењето на пакетчињата имаше и претстава со магионичарот Кристијан кој внесе радост и интересни моменти за овие дечиња.

vasilica

На 25.12.2008 г. се одржа Новогодишно поетско читање на ученици од неколку ОУ на територија на град Скопје, средба со писатели на детска литература и настап на децата од Златно славејче.
Пред новогодишните празници беше поставена изложба и промовиран календарот за 2009 год. во рамките на проектот  И покрај се Ние можеме..... кој го реализира клубот на млади на Црвен крст на град Скопје. Изложбата беше одлична можност за средба и дружење на млади од повеќе институции (дом за деца без родители 11 Октомври, Училиште за лица со оштетен вид и слепи лица, СОС детско село, Сојуз на студенти со инвалидитети, млади од семејствата баратели на азил во РМ) со младите на Црвениот крст.

Црвен крст на град Скопје и  УНХЦР ги израдуваа децата бегалци со новогодишни пакетчиња. За сите нив беше организирана новогодишна детска претстава, каде сите присутни деца имаа можност да се поздрават со Дедо Мраз и  да се дружат со сите ликови од претставата. Дистрибуцијата на пакетчињата продолжи  и водневниот центар Сумнал, во Шуто Оризари и во другите градови каде има деца Штитеници на УНХЦР програмата. Беа поделени вкупно 546 пакетчиња.

Исто така беа доделени 50 новогодишни пакетчиња во Сојуз на глуви и наглуви на град Скопје и 35 новогодишни пакети на деца на лекувани алкохоличари
На училиштето за лица со оштетен вид Димитар Влахов беа донирани 35 новогодишни пакетчиња, во специјалното училиште Златен сремец беа донирани 75 пакетчиња. На лицата со церебрална парализа им се донираа 33 новогодишни пакетчиња.

vasilica1

Во соработка со Гонитекс се реализираше и дистрибуција на 20 комплети постелнина, 100 детски шалчиња и 100 чаршафи за маси во Шелтер центрите во Чичино село и 25 Мај.

Во соработка со Советот на градот Скопје и градот Нирнберг, а преку хуманитарна организација Јоханита, Црвен крст на град Скопје прими 9400 пакети со хигиенски и прехрамбени продукти. По 250 пакети се дистрибуирани преку 5-те општински организации на Црвен крст, а истите понатаму ќе бидат поделени на лица регистрирани преку центрите за труд и социјална политика како лица кои имаат потреба од ваков вид помош, 50 пакети се поделени за здружението на инвалиди на град Скопје, 58 пакети за организацијата Илинден, 49 пакети за организацијата Еуробубрег, 47 пакети за деца сместени во згрижувачки семејства, 50 пакети за Сојузот на инвалиди на Македонија, по 200 пакети за двете народни кујни при црквите Св. Петка и во Ѓорче Петров, 50 пакети за организацијата Милосрдије, 50 пакети за Сојузот на слепи, 50 пакети за здружение на глувите. Дистрибуцијата на истите е во тек

Време на реализација: Декември 2008- Јануари 2009

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE