Хуманитарен концерт Љубовни ноти

Во хорската сала на училиштето „Илија Николовски -ЛУЈ” Скопје. на 13.02.2009 г. со почеток во 18:00 часот се одржа хуманитарен концертот на кој беа изведени инструментални љубовни теми од учениците од училиштето како и специјалните гости

Организатор на истиот беа младите од Клубот на млади при Црвениот крст на град Скопје, а.по повод Денот на вљубените. Во подготовките за концертот, учествуваа многу волонтери од клубот на млади при Црвениот крст на град Скопје. Тие сами ги изработија постерите, поканите за гостите и исто така сами се погрижија за украсување на салата во симболика на Св. Валентин, денот на љубовта и вљубените. Исто така еден од волонтерите свој придонес даде со тоа што приготви домашни колачиња за сите присутни. Младите беа поддржани во оваа идеја и од  г. Зоран Џорлев.
Исто така концертот со свое присуство го поддржаа Александар Митевски, Неџт Тиме и Зоран Џорлев, кој изведе неколку композиции. Гостите од публиката донираа на повеќе начини- во поставените кутии, преку купување на рачно изработени срца од страна на младите од клубот, потоа накит кој претходно беше изработен во домот за деца без родители 11Октомври, како и ЦД-иња од нашите поддржувачи на концертот Александар Митевски, Неџт Тиме и Зоран Џорлев. Сите собрани средства ќе бидат наменети за социјално загрозено семејство на територија на општина Кисела Вода.