Пушењето непријател на здравјето на вашето срце

На 24.02.2009 година во рамките на неделата за борба против срцевосадовите заболувања (21-29.02.2009) лекар волонтер од Црвениот крст на град Скопје во соработка со психолози од кардиохирургијата Филип 2-ри, оддржа предавање и работилница во просториите на ДХО „Даре Џамбаз”- Скопје.

Темата на предавањето, како и мотото на овогодинешното одбележување на неделата беше штетното влијание на цигарите врз срцето и крвните садови, а целна група беа ученици- средношколци и студенти од клубот на млади на ЦК на град Скопје како и лидерите на клубовите за едукација и превенција во средните училишта.
Во текот на оваа недела (21-28.02) ќе се одржат и едук