Спасителите на планина на тренинг семинар на Попова Шапка

Планинските спасители со уште 10 нови членови од 12 до 15 февруари 2009 год на Попова Шапка ги усовршуваа техниките за спасување на планина во зимски услови.

Под будното око на инструкторите имаа можност да проследат теоретски предавања и практични вежби за  спасување со аки чамец, организација на планинско спасителна акција во зимски услови, прва помош, падови со цепини, движење во наврска, лавинологија и др.

Тренинг семинарот беше реализиран со финансиска подршка на Градот Скопје.