Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Уште 100 мали ЦКА-ПХВ проекти за добробит на заедницата

Во текот на викендот од 6 до 8 март оваа година, во центарот Солферино во Струга беше одржана подготвителна работилница за ЦКА-ПХВ колегиумот на инструктори за прегледување и евалуација на малите ЦКА-ПХВ проекти.

Оваа година после одржувањето на еднодневните ЦКА-ПХВ обуки во сите ООЦК следуваше фаза во која младите луѓе кои ја следеа обуката, своите знаења ги преточија во практика изработувајки мали проекти за добробит на заедницата во која што живеат. Оваа година беа изработени точно 100 мали проекти за добробит на заедницата, кои во текот на подготвителната работилница беа прегледани и евалуирани од страна на присутните 24 ЦКА-ПХВ инструктори. Врз основа на оваа направена евалуација и во согласност со веќе поставените критериуми ќе биде направен изборот на оние младинци кои ке бидат поканети да земат учество на двете финални работилници кои ќе се одржат во текот на втората половина на април и првата половина на мај. Најдобрите младинци од овие работилници понатаму ќе бидат испраќани на различни меѓунарони случувања како претставници на Македонскиот Црвен крст. Авторите на најуспешните и најхуманите проекти ќе бидат поканети да ги претстават своите проекти, својот поттик и имплементација на истите пред ТВ гледачите во рамките на утринската емисија Добро Утро Македонијо.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE