ЦКА ПХВ во трка за ЕРСТЕ награда

Црвениот крст на град Скопје со проектот Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) е една од шесте организации од Македонија кои заедно со уште 65 организации од осум земји влегоа во финалната трка за награда за Социјална интеграција 2009 на австриската ЕРСТЕ Фондација.

Вкупниот број на пријавени проекти изнесува 1300 од БиХ, Хрватска, Косово, Црна Гора, Романија, Србија, Словенија, Македонија. Од нашата земја од 137 проекти само шест одат понатаму. Во наредниот период Меѓународното жири составено од 17 експерти ќе избере дваесет победнички проекти. Вкупниот фонд за награди изнесува 295.000 евра. Свечената церемонија ќе се одржи во Букурешт на 25 јуни каде нашиот претставик ќе има можност да го презентира проектот.