Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Ликовна колонија “Струга 2009”

Во периодот 25-31.08.2009 год, во Центарот за едукација и рекреација Солферино во Струга академски ликовни уметници од Р. Македонија Србија, Бугарија твореа и се дружеа на ликовната колонија под хуманата димензија на движењето на Црвениот крст.

Организаторот (Црвен крст на град Скопје) за секој учесник обезбеди платна, бои, растворители и останати материјали потребни за творечкиот процес. Уметниците беа слободни во изборот на техниките на творење и материјалите потребни за истото. До крајот на ликовната колонија секој учесник остави во трајна сопственост на Црвен крст на град Скопје по 2 (три) слики со најразлични ликовни техники и стилови кои се нивно лично обележје. Интересно е да се спомене дека на оваа колонија уметниците доаѓаат со своите брачни другари или пак потесен член на семејството. На овој начин истата е веќе окарактеризирана како семејна колонија, на која учесниците имаат можност повеќе да се дружат, разменуваат искуства и пренесат дел од своето културно наследство. Со традицијата за одржување ликовни колонии се надеваме дека ќе споиме уште многу уметници, култури, нации.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE