Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Светски ден на првата помош

Сите луѓе сй помалку или повеќе ранливи, но сите поседуваат способност да научат да дадат прва помош со цел да се зачува нечиј живот.

Ова е клучната порака од Меѓународната Федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина за Светскиот ден на првата помош кога сите национални друштва организираат најразлични активности со цел да се подигне јавната свест за улогата на првата помош во превенцијата од повреди и спасувањето на човечкиот живот. На 12.09.2009 година (сабота) со почеток во 12:00 часот до 14:00 часот на плоштадот Македонија, Црвен крст на град Скопје организираше настан преку кој ќе се промовираше Првата помош. Мото под кое оваа година се одбележува настанот е Прва помош за хуманост. Млади естрадни уметници: Неџт Тиме, ДНК, Влатко Лозановски, со помош на лекари-волонтери од Црвен крст, екипите за Првата помош заедно ќе ја демонстрираат првата помош на лица, случајни минувачи. Пред овој настан се реализираше обука и обновување на знаења на нашите пејачи. Клучни пораки кои сакаме да ги пренесеме со овој настан на денешен ден: 1. Секој човек има потенцијал да научи прва помош и да спаси живот 2. Првата помош претставува акт на хуманост, прикажувајќи подготвеност и желба да се спасат животи со полна почит кон различноста и без никакава дискриминација 3. Секој човек во текот на неговиот живот треба да ги обновува и освежува здобиените знаења и вештините од Првата помош 4. Потребно е да се прославуваат бројните животи спасени од волонтерите и сите лаици кои биле обучени да даваат прва помош Црвен крст и понатаму продолжува со своите секојдневни активности на полето на Првата помош, обуки и натпревари за младите од основни и средни училишта, обука на возачи согласно законот за безбедност во сообраќај (секое лице пред да полага возачки испит за возило или управување со глисер мора да помине одреден број на часови по ПП во Црвениот крст), обуки на лица од работни организации согласно законот за безбедност и заштита при работа како полесно би се санирале повредите настанати на работно место како и обновување на знаења на сите оние кои се заинтересирани за тоа.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE