Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Петти натпревар по ПП на главните градоби од земјите на регионот на југоисточна Европа

Црвен крст на град Подгорица оваа година ја имаше честа да биде домаќин на В-тото првенство по Прва помош на главните градови од земјите на Југоисточна Европа

Настанот се одвиваше од 25.09.-28.09.2009 год. во комплексот Плави хоризонти-Тиват, Р. Црна Гора.Учесници на натпреварот беа екипи и официјални делегации од 9 главни градови од земји во регионот и тоа Љубљана, Сараево, Белград, Софија, Подгорица, Букурешт, Тирана, Загреб и Скопје. Според предвидените планирања активностите на самиот натпревар опфатија повеќе случувања. Деновите кои претходат на натпреварот беа исполнети со интересни содржини за сите учесници. Најнапред за сите беше организирана посета на заливот Бока Которска, разгледување на културно-историските споменици на Котор, посета на Тиват. 27.09.2009 год. беше денот кога течеше самиот натпревар. Екипите од девете земји учеснички укажуваа Прва помош на 4 бази, а на 3 се релаксираа. Згрижуваа лице каснато од змија, се справуваа со сончаница, посекотини, алкохолизирани лица и лица во бесознание. По сумирањето на резултатите, на свечениот чин на затворање на натпреварот беа прогласени и победниците. Првото место го освои градската екипа на Црвен крст на град Подгорица, второто место го овои екипата на Црвен крст на град Скопје и третото место го освои екипата на Црвен крст Белград. По натпреварот следеше кошаркарски турнир за членовите на Извршните одбори на Организациите на Црвен крст како и натпревари за сите делегации во фрлање на камен во далечина и влечење јаже. Црвен крст на град Скопје посебно е задоволен од подготовките и сериозниот пристап на целата екипа, лекарите кои се вклучија во подготвување на екипата како и од покажаните резултати и однесување на самиот натпревар.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE