Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Голема крворадителска акција и собирна акција за прехрамбени продукти

На 21 Октомври 2009, Амбасадата на Соединетите Американски Држави во соработка со Црвениот крст на град Скопје И РЗТ организираше големa крводарителска акција и собирна акција за прехрамбени продукти. Акцијата се реализираше во периодот од 10.30 - 15.30 часот на паркинг просторот пред главниот влез на Амбасадата на САД во Скопје.

Оваа акција е дел од глобалната иницијатива на претседателот на САД, Барак Обама, во знак на сеќавање на жртвите од 11 септември, преточена во глобален ден на служење на заедниците. Целта е сите луѓе, без разлика на нивната вероисповест, етничко потекло или раса, да се здружат и да се посветат на една заедничка кауза. Целта на оваа добротворна акција е да му се помогне на Црвениот крст да ги дополни залихите на крв и да им помогне на семејствата преку донирање на храна и други неопходни работи за претстојната зима. Ова, исто така ќе му овозможи на Црвениот крст да воспостави поголема мрежа на крводарители во Македонија и континуитет во снабдувањето со крв и крвни продукти, како би се спречила појава на недостаток од крв во иднина. Крајните резултати од акцијата се 83 единици крв собрани од дарители а 18 крводарители беа одбиени заради здравствени причини, како и финансиски средства за изработка на пакети за социјално загрозени семејства и голема количина на храна за престојниот зимски период.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE