Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Почеток на втората фаза на ИНК Проектот -Менаџмент на волонтери и вработени

Вклучени нови 12 ООЦК, одржани три семинари, обучени нови волонтери и вработени за изработка на проекти како и формирани групи за подршка.

Црвен крст на Р.Македонија се наоѓа во втората година (од вкупно три) од имплементацијата на ИНК (Интензивна надградба на капацитети) проектот. Во делот за менаџмент на волонтери и вработени изминатиот месец се одржаа три посебни работилници: Семинар за менаџмент со волонтери и вработени (16 - 18 . 10. 2009), Семинар за Формирање на мрежата (23- 25 10. 2009), како и Семинар за менаџмент со волонтери со секретарите на ООЦК (29 -31 10. 2009). Првиот одржан семинар беше токму за менаџмент на волонтери и вработени на која учествуваа 12 ООЦК (Прилеп, Св. Николе, Крушево, Виница, Пробиштип, Струга, Кичево, Валандово, Дебар, Центар, Гевгелија, Тетово) со по три претставници (еден претставник на стручна служба и двајца волонтери активни во ЗРЗ и ПХВ програмите). Учесниците се запознаа со ИНК проектот, се здобија со обука за планирање, документирање и имплементирање на проекти, препознавање на потребите на ООЦК и заедницата со цел зголемување на бројот на волонтери и помош на заедницата. Втората работилница претставуваше семинар за Формирање на мрежата, поставување на ИНК мрежата, како и вмрежување на самите ООЦК. На оваа работилница присуствуваа по еден претставник од првата ИНК работилница од сите 12 нови ООЦК, како и по еден претставник од 13-те ООЦК, кои беа опфатени во првата фаза на ИНК проектот за менаџмент со волонтери и вработени. Токму тука новите 12 ООЦК се запознаа со практичното искуство на 13 ООЦК опфатени во првата фаза на ИНК- менаџмент со волонтери, извлекоа практични совети кои ќе им користат во задачата која им претстои. Како нова активност за помош при работа и аплицирање на проектите беа формирани групи за подршка составени од по две ООЦК кои ќе соработуваат за време на проектот но и во иднина(една од првата фаза и друга од втората фаза на ИНК). Третиот Семинар за менаџмент со волонтери со секретарите на ООЦК , воедно претставуваше семинар за информирање на секретарите за досегашните активнсти во делот за менаџмент со волонтери и вработени. Претставување што е постигнато и поминато до сега, како и што е тоа што ООЦК во наредниот период треба да го постигнат како тим заедно со своите волонтери и вработени. Секретарите на 12 нови ООЦК на овој семинар се стекнаа и со Сертификат за основи за менаџмент, професипонална обука спроведена од бизнис академија Детра. До крај на 2009 година 12 нови ООЦК Прилеп, Св. Николе, Крушево, Виница, Пробиштип, Струга, Кичево, Валандово, Дебар, Центар, Гевгелија, Тетово треба да изработат мали проекти за покачување на бројот на волонтери во нивната ООЦК како и помош во заедница. Во јануари 2010 година ќе се направи избор за 8-те проекти кои ќе се реализираат во првата фаза. Изборот ќе го прави ЦКА ПХВ тимот по веќе однапред договорени критериуми. Реализацијата на истите треба да се случи во текот на март и април, а веќе на 15 мај треба да се достават извештаите за нивното имплементирање. 13 ООЦК (Битола, Велес, Кавадарци, Кочани, Куманово, Охрид, Ресен, Струмица, Карпош, Кисела Вода, Гази Баба, Чаир, ЦК на град Скопје) веќе го завршија циклусот, а последните десет ќе бидат вклучени во наредната, последна година од ИНК проектот.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE