Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Одбележување на неделата за грижа на стари лица

Црвен крст на град Скопје традиционално организира низа активности за одбележување на неделата за грижа кон старите лица (15-21.11.2009 година).

Активности секоја година се трудиме да бидат интересни, продлабочени со нови донатори со цел да внесеме повеќе топлина во домовите на старите лица и кај секој поединец. Активностите беа промовирани преку средствата за јано информирање, гостување на медиумите, а реализицијата на активностите беше на 18 и 19.11.2009 година. Согласно препораките до ООЦК на територија на град Скопје, доставени беа имиња на најстар волонтер и најстара брачна двојка на територија на нивната општинска организација. За сите нив на 18.11.2009 г. во просториите на ЦК на град Скопје беше организиран свечен прием, коктел и за сите нив беа доделени пригодни подароци. Возрасните волонтери имаа можност да споделат нивни искуства од волонтерскиот ангажман во ЦК, да проследат презентација за нашите активности, да се дружат со младите волонтери и стручната с;лужба во организацијата. Веќе наредниот ден (19.11.2009 година) волонтерите на Црвениот крст го посетија домот за стари лица Мајка Тереза - Злокуќани. За старите лица во домот организирана беше куса презентација за ПП за стари лица од страна на лекар на ЦК, куса уметничка програма со академски музичар и млад волонтер кој изведе неколку нумери на хармоника. ЦК на град Скопје за домот донираше околу 60 душеци собрани од кампањата со Студио Модерна Дормео. Во соработка со ОН нет беше реализирана и донација од над 100 книги од книжарниците Или Или, Култура, Табернакул, Магор, Табахон, Слово и Блесок, а Студио модерна донираше поголема количина постелнина, пешкири, шољи. Поддршка за акцијата даде и пицерија Густо која донираше 60 пици за штитениците во домот. Традиционално младите волонтери за најстариот жител во домот (91 годишна ) подарија подарок.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE