Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Остварување на новогодишни желби

Волшебната елка на желби во ТЦ Рамстор ги исполни сите новогодишни желби на 65- те децата сместени во згрижувачки семејства на територија на град Скопје.

По првата средба со децата на која преку осмислено дружење со кловнови и на наменски уредено детско катче, на новогодишни честитки, го напишаа што е тоа што го сакаат за Новата Година,  хуманите граѓани и општествено одговорни компании ја посетија елката и ги остварија сите 65 желби на децата. Децата посакаа многу играчки, комјутери, телефони, велосипеди, пакетчиња и сл.

Доделувањето на подароците беше на 30 Декември, во пресрет на новата година, во кино Рамстор.

На оваа средба повторно имаше многу забава и дружење,  заедничка песна и секако највеселиот момен - доделување на подароци.

Се надеваме на продолжување на оваа традиција и соработка на Црвен крст на град Скопје, ТЦ Рамстор и Центарот за социјална работа Скопје и во наредната година.

Голема благодарност и кон поддржувачите на активноста: ОНЕ, Кореа аутотрејд, Сојуз на спортови на Скопје како и Мек Доналдс кои преку Стопанската комора на РМ обезбедија оброк во нивниот ресторан за сите дечиња.

Сепак Новата година е период од годината кога особено малите веруваат дека нивните желби можат да се остварат .

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.