Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

УШТЕ ЕДНА УСПЕШНА АКЦИЈА НА ПЛАНИНСКИТЕ СПАСИТЕЛИ

На 10 декември 2011 година околу 15 часот планинските спасители на Црвен крст на град Скопје, од ЦУК и Полициските станици Карпош и Ѓорче добиле информација и побарале помош

за потрага по двајца залутани момчиња над карпите на шишевски манастир во реонот на Матка.

По добивањето на информацијата четворица планински спасители веднаш тргнале по потрага. Благодарение на познавањето на теренот, успеале да го лоцираат местото и да воспостават врска со залутаните момчиња, да ги смират и насочуваат каде да се движат.
Ноќта и маглата не ги попречила нашите планинари да стигнат до местото каде се наоѓале залутаните момчиња да ги прифатат и со возило да ги спуштат до центарот на градот Скопје.
Потрагата по залутаните момчиња траела околу 3 часа, поради непристапниот терен.
Залутаните Александар и Бојан, премрзнати, исплашени и вознемирени им се заблагодариле на планинарите за укажаната помош. Честитки за успешната потрага и безбедното враќање на залутаните момчиња, планинарите добиа од ЦУК и полициските станици Карпош и Ѓорче.

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.