Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Завршува стариот и започнува новиот ПХВ циклус

Доделен ПХВ Оскар за најдобар филм

Овој викенд центарот Солферино во Струга беше домаќин на подготвителна ПХВ работилница на која учество зедоа 25 ПХВ инструктори од целата држава. Целите на работилницата беа: подготовка за започнување на новиот циклус кој ќе се имплементира на ниво на целата државa , унифицирање на моделот за обука и избор на најдобар ПХВ филм, во конкуренција од  29 подготвени филмови.

Сите филмови беа снимени пред започнувањето на Неделата на промоција на хумани вредности од 21-27 септември, и беа премиерно прикажани во рамките на ПХВ шоуто во секоја ООЦК во текот на ПХВ неделата пред бројна публика, соученици, родители, професори... 

Целта на секој од овие филмови беше иста, промовирање на клубовите на младите во секоја ООЦК и промоција на ПХВ програмата и резултатите од истата во секоја ООЦК поединечно.

Гласањето се одвиваше во две фази, прво гласаа членовите на ПХВ интернет групата од целата држава, но при тоа немаа право да го дадат својот глас за својот филм. Потоа гласаа и инструкторите од програмата следејки однапред подготвени критериуми за оценување.

Со наградата ПХВ ОСКАР се закитија младите од  општинската организација на Кичево. Тие изработија филм со наслов “Животот на еден ПХВ волонтер”.  Младите од овој клуб ќе бидаат дел од официјалната делегација која ќе го врачува вредносниот ваучер на целната група која допрво треба да биде избрана. 

Овој нов модел и концепт на работа на сите младии ќе им даде една нова димезнија во документирањето на нивните активности на локално ниво со цел подобра промоција на активностите.

Имплементацијата на Националната Програма Промоција на хумани вредности (ПХВ) е овозможена со грант на програмата CIVICA Mobilitas имплементирана од ЦИР-а и финансиска поддржана од Швајцарска агенција за развој и соработка, застапувана од Канцеларија за соработка во Скопје. 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
08:00 до 15:00 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE