Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Новогодишни пакети со топла облека и храна за бездомниците

По повод новогодишните празници градоначалникот на град Скопје г-динот Коце Трајановски и Секретарот на Црвен крст на град Скопје, г-ѓа Сузана Тунева Пауновска го посетија Пунктот за бездомници во Момин поток и имаа прилика да поразговараат со корисниците и да им поделат новогодишни пакети со топла облека и пакети со храна.

За пријатна атмосфера и богата трпеза се погрижија и жените, кориснички на Дневниот центар за стари лица и центарот за помош во домашни услови кои донесоа домашно подготвена храна. Пунктот за бездомници во Момин Поток секој петок го посетуваат во просек 35 бездомници кои редовно можат да се искапат, да добијат чисти алишта и да добијат услуги од лекар, социјален работник и психолог. Со овие лица континуирано се работи со цел да им се помогне да се интегрираат во општеството, а за што е потребно големо вложување и истрајност. Оваа година 7 лица успеаа да најдат работен ангажман и да се интегрираат во општеството. 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.