Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ФОРУМ ТЕАТАР

Во рамките на проектот за превенција од семејно и полово насилство финансиран од Високиот Комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР со седиште во Скопје, Р. Македонија, поддржан од Младиот Отворен Фонд и имплементиран од Црвениот крст на град Скопје, како и минатата така и оваа година во периодот од 22-30 Август 2014 г. во Струга се одржа осумдневна работилница на повеќе теми – комуникациски вештини, стереотипи, предрасуди, насилство помеѓу врсници и примена на техниката Форум Театар.

Групата беше составена од 30 учесници младинци (10 младинци од минатогодишниот Форум Театар и 20 нови младинци) на восраст од 11 – 23 години од заедницата на бегалците од Косовската криза, сместени во Шуто Оризари и останатите општини на град Скопје. Работилницата ја реализираше едукатор - стручно лице задолжено за активностите при што ја користеше техниката на Форум Театар. Цели на работилниците беа : Подобрување на комуникациските вештини, превенција од насилство, разбирање и надминување на предрасудите, препознавање и заштита од насилството во сите облици, проактивно однесување во средината. Во последниот дел од работилницата се работеше на процесот во Форум театарот – влегување од страна на публиката, јакнење на улогата на антагонистот, барање решенија за превенција од насилството во приказните, како и разработка на евентуалните ризици за време при изведбата на Форум театарот. Активностите ќе продолжат со реализација на 6 Форум претстави на тема превенција на насилство помеѓу врсници и дискриминација во општеството од кои две во Скопје, две во Куманово и две во Тетово. 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE