Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

ЦРВЕН КРСТ НА ГРАД СКОПЈЕ СО КЛУБ И ПРОГРАМА ЗА РАБОТА ВО УЧИЛИШТЕТО ЗА ЛИЦА СО ОШТЕТЕН ВИД

Во просториите на училиштето за лица со оштетен вид ДУРДМОВ „Димитар Влахов“  на 03.10.2014 се отвори Клуб на Црвен крст на град Скопје.

Со отварањето на Клубот започна и имплементацијата на проекот „Создаваме заедно“ финансиран од компанијата Тотал Брендс преку што ќе се реализираат следните активности: Донација на две брајови машини, донација на компјутер со програма за работа на лица со оштетен вид, обука на стручен тим и волонтери за работа со лица со оштетен вид, обука на ученциите за одговор во случај на природни катастрофи, безбедност на вода и спасување на планина како и права помош обуки. Во рамките на проекот ќе бидат исчитани и снимени 5 книги во студио од страна на волонтерите на Црвен крст на град Скопје. Со мотото СОЗДАВАМЕ ЗАЕДНО, Црвениот крст на град Скопје поддржан од страна на Министерството за труд и социјална политика на денешниот настан испрати порака за унапредување на социјалната инклузија на лицата со оштетен вид во општественото живеење. На настанот се обратија, Секретарот на Црвен крст на град Скопје г-ѓа.Сузана Т.Пауновска, Директорот на ДУРДМОВ – Димитар Влахов Горанчо Јакимов и претставниците на организацијата на слепи на РМ. 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.