Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Традиционална крводарителска акција во спомен на Тоше Проески

Во рамките на традиционалните крводарителски акции на ЦК на град Скопје и Институтот за трансфузиона медицина е и акцијата која традиционално се организира во соработка со Тоше фан форум клуб.

Истата, секоја година се организира на 5 Октомври како одбележување на последниот концерт на нашата ѕвезда Тоше Проески, кој за жал прерано го загубивме.Крводарителската акција стана веќе препознатлива во нашиот град и е посетена од голем број граѓани, а пред се помладата популација која во ликот на Тоше Проески препознава пример на хуманост. Оваа година крводарителската акција се реализираше на 05.10.2014 година, во холот на Дом на АРМ и на истата крв даруваа 148 дарители. Придонес кон акцијата дадоа и волонтерите на клуб 25 и ООЦК Гази баба кои беа задолжени за добар тек на истата. Традицијата за одржување на крводарителски акции во спомен на Тоше Проески започнаво 2010 година и одтогаш, традиционално, двапати во годината (на 5 Октомври и 25 Јануари) истите се реализираат во негова чест. Досега, на овие 10 акции ,својата хуманост прекучинот на дарување крв ја покажале повеќе од 2 500 крводарители, најчесто млади

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
08:00 до 15:00 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE