Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Реализирана втора Чи конг работилница во Струга со лица во трето доба

Од 18-21.10.2015 година во хотелот „Солферино“ во Струга реализирана е втора Чи конг работилница со учесници во трето доба.

Работилницата беше одржана со цел да се одбележи втората година на имплеменитирање на Чи конг вежбите во дневните центри за стари лица, при Црвен крст на град Скопје. На работилницата беа присутни 25 корисници, 4 стручни соработници, 1 инструктор по Чи конг вежби и 1 волонтери се презентираше целокупниот процес на прогрес во вежбањето на корисниците, односно дека севкупно активно и редовно вежбаат 64 корисници. Изработен беше и видео-туторијален материјал, којшто ќе се дистрибуира до сите заинтересирани корисници, а со него сите корисници ќе имаат можност да ги научат и усовршат вежбите и во нивниот дом. На тој начин,  лицата во трето доба ќе можат постојано да се грижат за нивната физичка кондиција и да го подобруваат нивното здравје. 

Оваа активност се реализираше во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“, при Црвен крст на град Скопје.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
08:00 до 15:00 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE