Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Волшебно Велигденско дрво

Во рамките на проектот за поддршка и социјализација на деца и младинци со посебни потреби поддржан од а.д. Комерцијална банка, Црвен крст на град Скопје 7 година по ред реализира различни актвности за лицата од дневниот центар за церебрална парализа Капиштец.

Оваа година, во пресрет на празникот Велигден, во соработка со Ramstore Mall, Комерцијална банка и ЈУ Центар за социјална работа се организираше Волшебно велигденско дрво за 43 деца и младинци. Тие ги запишаа своите желби , а хуманите граѓани и општествено одговорни компании се токму оние кои ги исполнија истите.

Членовите од мото клубот Потфат МЦ самоиницијативно се вклучија во активноста и купија подароци за 17 лица. Децата од III-2одделение од ОУ "11 Октомври" организираа креативна работилница и со собраните средства сите заедно купија подарок за едно дете. Рамстор Малл обзбеди неколку подароци и ја организираа изведбата на претставата Турли тава наменета токму за децата.Секако благодарност и до сите поединци кои се вклучија во оваа акција. 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.