Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Одбележан 14 Јуни - Светскиот ден на крводарителство

Под мотото  Крвта не спојува сите нас- Сподели живот, дарувај крв!, Црвениот крст на РМ, Црвен крст на град Скопје во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина, и оваа година се вклучи во одбележување на 14 Јуни, Светски ден на крводарителство.

Централниот настан се реализираше во ГТЦ Скопје, каде беше поставена изложба на кретиви/ постер решенија произлезени од објавениот конкурс во соработка со  здружението на графички дизајнери „ Плакарт“, за изработка на идејно решение на тема  „Дарување крв, младост, хуманост„ , чија цел е промоција на крводарителството, мотивирање и поттикнување на младите. Активноста е дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Трансмет- Скопје. Изложени беа 33 идејни решенија, а истите се од интернационален карактер (Македонија, Индија, Кина, Иран, Еквадор, Полска, Австралија). На настанот, присутни беа волонтерите од Клуб 25 и крводарители од Клуб на крводарители на ЦК на град Скопје. Волонтерите поделија информативни и едукативни материјали на минувачите, а екипа од Институтот за Трансфузиона медицина одредуваше крвна група на граѓаните кои се заинтересирани.

Организиран беше и квиз за посетителите на настанот, со награди како мотивација за оние кои знаат најмногу за крводарителството.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.