Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Светскиот ден на бегалците

На 20 Јуни во организација на Црвен крст на град Скопје, под мотото‪ #‎WithRefugees беа реализирани повеќе активности во Зоолошка градина - Скопје,ТЦ Табановце - Куманово и ТЦ Винојуг - Гевгелија, Плоштад Македонија - Скопје и 10 општински организации на ЦК на РМ.

Зоолошката градина ја посетија 82 бегалци од косовската криза, мигранти од ПЦ Визбегово и Сигурна куќа кои беа воодушевени од посетата. 

На настанот во Центарот за дизајн и иновации – Јавна соба – Скопје, се вкчлучија 25 бегалци од Косовската криза заедно во придружба со вработените од Црвен крст.
На Плоштад Македонија беше реализирана дистрибуција на флаери со кратки пораки за човечките судбини на мигрантите, со цел подигнување на свеста кај локалното население за животните судбини на мигрантите, од страна на 8 волонтери од клубот на млади при Црвен крст на град Скопје. Истата активност беше спроведена во 10 ООЦК на РМ и тоа – Тетово, Куманово, Кичево, Кочани, Виница, Битола, Гевгелија, Охрид, Велес и Неготино. 
Во двата кампа беа организирани изведби на две групи по тројца изведувачи – кловнови, маскоти и шминкери со цел анимирање и забавување на дечињата коишто престојуваат во двата кампа. Истиот ден беа дистрибуирани маички со слоганот – I stand for refugees, Would you stand for refugees - за сите мигранти коишто престојуваат во камповите како и за стручните служби кои работат во камповите.

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
08:00 до 15:00 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE