Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

АРХИВА НА НАСТАНИ 2016

Амбасадата на Република Франција во Република Македонија

Црвениот крст на град Скопје во соработка со Амбасадата на Република Франција воРепублика Македонија, по 6-ти пат одржува заедничка вежба со цел дејстување и координација на двата субјекта за време на природни катастрофи. Сценарио е симулација за укажување на Прва помош на француски граѓани, кои се опфатени со поплава. Вежбата ќе се одржи на 19 октомври (среда) со почеток во 11.00 часот на Камени мост.

Покрај учеството на волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје и француските преставници, на вежбата ќе земаат учество и волотерите од Клубот на млади на град Скопје.

francija makedonija

Светски ден на бездомништво

Денеска, 10 октомври, со почеток во 10:30 часот во пунктот за бездомници во Момин Потоk 1 ќе се одбележи Светскиот ден на бездомништво. Корисниците на пунктот покрај редовните услуги, ќе добијат свечен ручек кој овој пат е донација од едно приватно лице. Црвениот крст на град Скопје обезбеди и џемпери за лицата што претставува подготовка за студениот период.

Пунктот за бездомници е поддржан од страна на градот Скопје веќе 8 години и функционира на истата локација. Секој петок и понеделник лицата добиваат хигиенски услуги (бањање, шишање, бричење), чиста облека, можност да се испере старата облека, храна, прегледи од лекар и бесплатни лекови според потребите, психосоцијална поддршка, услуги од социјален работник (вадење на документи и поддршка на обезбедување на услуги од системот на социјална заштита). Преку пунктот корисниците секоја зима добиваат топла облека, обувки, ќебиња, вреќи за спиење, а според потребите се отвара и привремено преноќувалиште.

sv den bezdomnistvo

Трета Чиконг работилница во Струга

Трета Чиконг работилница во Струга

Во период од 26-29.09.2016 во едукативниот и рекреативен центар „Солферино“ во Струга, реализиран е трет Чиконг семинар за лица во трето доба. На семинарот учествуваа 30 корисници од социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови “ при Црвен крст на град Скопје. Чиконг работилницата е реализирана со цел да се усогласи, фокусира и посвети групата само на подобрување на техниките на вежбање, да се наградат најактивните и најдобри корисници, социјализираат и мотивираат да продолжат да практикуваат Чиконг вежби. Чиконг активноста е една од најважните континуирани активности на дневниот центар за стари лица и во активноста активно партиципираат 64 корисници. Со учеството во Чиконг активноста лицата во трето доба го подобруваат нивното психофизичко здравје, виталноста, се социјализираат, остваруваат меѓугенерациска соработка и го практикуваат активното стареење.

struga rab

Светскиот ден на старите лица

stari1

На ден 30.09.2016 се одбележи “Светскиот ден на старите лица” 1ви Октомври со партнерска средба на тема ,,Идни предизвици во градот Скопје за работа со лицата во трето доба“. На средбата свое учество земаа партнерите и поддржувачи на Црвен крст на град Скопје: Град Скопје, ЕВН Македонија, Австриски Црвен крст и Даути Фондација, во спроведување на социјалниот сервис за лица во трето доба: ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ како и многу волонтери и лица од трето доба.

stari2

Дружење во центарот за церебрална парализа

Дружење во центарот за церебрална парализа

Во рамките на активностите поддржани од Комерцијална банка, се организираше музичка работилница за лицата со церебрална парализа. Учениците од средното музичко училиште “Илија Николовски – Луј” го посетија центарот и на корисниците им покажаа дел од дувачките инструменти на кои истите свираат. Убавите звуци , дружбата со волонтерите на Црвен крст, учениците како и целата пријатна атмосфера за нив претставуваше едно посебно доживување. Штитениците имаа весел и исполнет ден, поразличен од нивното секојдневие.

cer paraliza

cer paraliza1

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE