Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

АРХИВА НА НАСТАНИ 2016

Еднодневни ЦКА-ПХВ обуки по ООЦК

voved

После спроведувањето на дисеминациските сесии младинците се поканети да присуствуваат на ЦКА-ПХВ еднодневните обуки кои ги држат ЦКА-ПХВ обучените инструктори, од ЦКА-ПХВ колегиумот на инструктори, во нивната ООЦК. Младинците во текот на оваа еднодневна обука учат како да ги препознаат потребите на заедницата во која што живеат, како да лоцираат проблем и истиот да го анализираат, како да изработат проект за добровит на заедницата во која што живеат и како истиот соодветно да го документираат. Целата обука се спроведува на интерактивен начин со цел учесниците да ги добијат сите потребни активни занења за планирање и изведување на еден мал проект.

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-18 август

Црвениот крст на РМ продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи.


До сега се дистрибуирани 28.250 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 1.948 конзервирана храна, 17.619 лит. млеко, 15.422 лит. јогурт, 4.538 пакети со хигиена, 683 бебешки пакети, 265 тони вода, 746 пакети пелени, 556 душеци, 4.392 кебиња, 600 кг облека, 734 парчиња чизми, 332 лит дезинтал, градежни колички 98, лопати 126, 1036 маски... Укажани се  156 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

Во четрите прифатни центри Ранка Милановиќ, Сениќ, Партение Зографски и Фон Интернат каде се сместени 310 лица дистрибуираме дополнителна хуманитарна помош, терапија со лекови за хронично болните и најранливите.

Граѓаните може да се јавуваат и на телефон на Црвениот крст 02/3139578 за дополнителни информации.

 

13939596_322482178088680_6985357036031747100_n

Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, средства за хигиена, средства за дезинфекција, лопати, гумени чизми, кофи, гумени ракавици, пешкири, пелени за возрасни, пластични кеси за ѓубре. Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст на РМ во Момин Поток и во ОУ “Наум Наумовски Борче”- Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
- Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

- Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 31.570.576 денари на сметката на Фондот на солидарност

До сега се собрани 13.069.400 денари со повик на телефоните

Акцијата на собирање на средствата е планирана да трае 15 дена од денот на отварање на сметките (07 август 2016 год.), а продолжувањето на истата ќе зависи од заинтересираноста на граѓаните и правните субјекти за донации. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префлени на сметките на граѓаните погодени од полавите.

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефектно справување со последиците од природната катастрофа.

Соопштение за помош на настраданото население од поплавите-22 август

Црвениот крст на РМ продолжува со поддршката на жителите погодени од природни катастофи.



До сега се дистрибуирани 30.049 пакети со храна (еден пакет е наменет за 4 лица), 21.000 дневни оброци, 9.700 топли оброци, 2.792конзервирана храна, 28.791 лит. млеко, 15.422 лит. јогурт, 6.204пакети со хигиена, 1.098 бебешки пакети, 295 тони вода, 746 пакети пелени, 568 душеци, 4.400 кебиња, 600 кг облека, 734 парчиња чизми, 341 лит дезинтал, градежни колички 98, лопати 126, 1036 маски... Укажани се  177 асистенции по прва помош од страна на екипите на Црвениот крст.

 

mapiranje

Поради постоење на понатамошен интерес за донирање во парични средства, како и за реализација на веќе најавени и потврдени донации од правни субјекти, акцијата ќе се продолжи за 7 дена и истата ќе трае заклучно со 29.08.2016 година. По завршување на акцијата средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.

Заинтересираните правни субјекти и граѓани и понатака можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:
- Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка

- Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

До сега се собрани 32.372.244 денари на сметката на Фондот на солидарност

 

До сега се собрани 13.186.000 денари со повик на телефоните

Донација на средства во странска валута:

Name of the organization: MACEDONIAN RED CROSS
Bank name: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
Bank address: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
Bank account: 300000000000133 25730522-11
Swift code: KOBSMK2X
Iban Code: MK07300701000001228

 

Апелираме во активностите за донирање на хуманитарна помош да се следат инструкциите на надлежните институции и Црвениот крст на РМ, со цел поефективно справување со последиците од природната катастрофа. Од утре, 23.08.2016 година помошта во материјални добра може да се предаде во магацините на Црвен крст на РМ во Момин Поток - Скопје од 08,00 до 18,00 часот (телефон за контакт: 3 096 227).

Хуманитарен појадок за бездомниците

Денеска 09.09.2016(петок) со почеток од 09:30 часот во прсториите на Пунктот за бездомници во Момин Поток на Црвен крст на град Скопје, се реазлизираше хуманитарно-волонтерска активност од старите лица за бездомниците.

Во чест на прогласувањето на скопјанката Агнеза Гонџа Бојаџиу во Светица Мајка Тереза, лицата во трето доба кои волонтираат во Црвен крст на град Скопје организираа појадок за бездомните лица кои го посетуваат Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје. Оваа активност претставува поврзување на две програмски активности на Црвениот крст на град Скопје т.е. програмата за лица во трето доба, каде се поттикнува тие да негуваат активно стареење преку волонтерски активности и пунктот за бездомници кои функицонира секој вторник и петок за бездомниците во градот Скопје.

Пунктот за бездомници е поддржан од страна на Град Скопје, а програмата за лица во трето доба покрај Градот Скопје е поддржана од Австрискиот Црвен крст, компанијата ЕВН Македонија и Даути компанијата.

petok-punkt-za-bezdomnici

Одбележан Светскиот ден на Првата помош

Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на територија на град Скопје, традиционално и оваа година го одбележија Светскиот ден на Првата помош во соработка и со поддршка на СВР Скопје.

 

Одбележувањето на истиот, беше на 10 Септември (сабота) со изведување на показна вежба за правилно укажување на прва помош на неколку локации во нашиот град и тоа пред ТЦ Бисер, на локација пред порта Македонија и спроти ТЦ Мавровка (Бит пазар).

На споменатите локации беа симулирани повреди, а возачите на моторни возила кои беа сопрени од страна на овластено лице на СВР Скопје требаше правилно да ги санираат. За сите кои правилно укажаа Прва помош поделени беа  награди (сет за Прва помош), а оние кои немаа доволно знаење, беа едуцирани од волонтерите на Црвениот крст кои се обучени за правилно укажување ПП.

Преку оваа активност, Црвениот крст уште еднаш ја нагласува потребата од навремено и правилно укажување Прва помош како вештина која спасува живот, вештина која треба да биде совладана од сите, без разлика на возраста.

6

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE