Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

АРХИВА НА НАСТАНИ 2016

Во склоп на крводарителската акција по повод 13 Ноември

Во склоп на крводарителската акција по повод 13 Ноември, доделени се признанија за најуспешни крводарители, фирми/компании, образовни институции и сл. кои дале најголем придонес во промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје за 2015 година.

- Велковски Љупчо (ООЦК Кисела Вода) Крводарител со најголем број евидентирани крводарувања
- Љубинко Ристов (ООЦК Карпош) Мотиватор на полето крводарителство и унапредување на крводарителството
- ЈСП Скопје (ООЦК Гази Баба) Работна организација со постигнати најдобри резултати на полето крводарување
- СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“ (ООЦК Центар) Образовна институција со постигнати најдобри резултати на полето крводарување
- Мирела Шкријељ (ООЦК Чаир) Најуспешен млад крводарител со најмногу евидентирани крводарувања до 25 годишна возраст
- Зориќ Мирјана (ООЦК Чаир) Крводарителка со најмногу евидентирани крводарувања
- Виолета Савеска (Клуб на крводарители) за придонес во унапредување на крводарителството во град Скопје

krvodaritelska akcija

Реализиација на два проекти „Пензионерски писма“ и „Дописни картички“ со лица во трето доба

Во рамките на проектот „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ од месец септември 2016-та се реализираат два нови проекти „Пензионерски писма“ и „Дописни картички“ во соработка со Агенција за пошти. Целта на проектите е поврзување на поштенската дејност со активизмот и креативноста на лицата во трета доба, каде што тие изработуваат уметнички творби со цел да се промовира културата и вредностите во Р. Македонија преку поштенската дејност. Во проектот „Пензионерски писма“ учествуваат лица во трето доба од сликарската работилница, кои создаваат тематски дела и изработки за убавината и културата во нашата земја, менторирани од проф. м-р. Стојче Тоциновски. Предвивдено е по шест месеци делата да се изложат во повеќе галерии. Од друга страна, за проектот „Дописни картички“ објавен е јавен повик за сите лица во трето доба за украсување на дописни картички на 5 различни теми. Најдобрите дописни картички ќе бидат избрани во последната недела на месец ноември, односно Неделата на грижа за стари лица. Со ваков тип на активности лицата во трето доба се мотивираат да бидат активни членови на заедницата, да имаат продуктивна и креативна дневна рутина, збогатувајќи го квалитетот на својот животот.

treto doba1

treto doba2

Дајте и втора шанса на вашата облека

На територија на градот Скопје постојат 8 контејнери за облека. Граѓаните во секое време може да ја остават облеката во контејнерите, а истата потребно е да биде чиста и функционална. Донираната облека потоа се превзема од страна на 5-те Општински организации кои функционират во Скопје. Облеката се сортира и се дистрибуира на целните групи со кои работиме. Поголемиот дел од облека оди во пунктот за облека на Црвен крст, кој се наоѓа на Булевар Кочо Рацин бр. 13. Граѓаните кои имаат потреба од облека се обраќаат во Црвен крст, добиваат ваучер за облека и потоа сами ја избираат облеката која им се допаѓа и секако која им е потребна. Големи количини облека преку овој сиситемски начин им се поделени на поплавените семејствата од скопскиот регион.

obleka1

obleka2

obleka3

ПОДГОТОВКИ ЗА ИЗУЧУВАЊЕ НА ЗАНАЕТИ

Во рамките на проектот „Преземи акција за подобра конкурентност на пазарот на Tруд“ , а согласно со планот за акција реализирани се следниве активности: спроведени индивидуални планови за акција во домовите на корисниците, реалзирани се систематски и санитарни здравствени прегледи, работилници за личен раст и развој, обука за безбедност и здравје при работа и обезбедена е психо-социјална подршка за корисниците и нивните семејства.
Во текот на месец јули беа спроведени индивидуални планови за акција со корисниците со цел да издиференцираат нивните потреби, краткорочните и долгорочните цели, како и да се дефинираат очекувањата кои ги имаат за себе со нивната вклученост во проектните активности.
Следна фаза беше отпочнувањето на работилниците за личен раст и развој каде најголема улога има Гешталт психотерапевтот кој ги води истите. Корисниците се организирани во 4 групи. Целта на работилниците е зајакнување на нивните капацитети како личности, зголемена самодоверба и мотивациски вештини.
Поради утврдување на здраствената состојба на корисниците беа спроведени систематски здравствени прегледи за сите корисници и санитарни прегледи за одредени корисници согласно со видот на занаетот кој го избрале.
Беше одржана обука за безбедност и здравје при работа од страна на стручно лице во просториите на Занаетчиска Комора на град Скопје. На обуката корисницте беа запознаени со нивните права, но и мерките за заштита и безбедност при работа.

Овој проект се реализира во партнетсво со Занаетчиска комора на град Скопје и е финансиран од Европска Унија, во рамки на Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 (ИПА компонента 4).

zanaeti

Европска конференција за миграции и престој во Центарот за сместување од затворен тип-Осло, 13-14 октомври

Европска конференција за миграции и престој во Центарот за сместување од затворе тип-Осло, 13-14 октомври

Од 13-14 октомври во Осло се оддржа Европска конференција за миграции и центри за сместување од затворен тип. Конференцијата беше организирана од страна на Меѓународен Комитет на Црвен крст со канцеларија во Париз, Норвешки и Шведски Црвен крст. Освен претставник од Црвен крст на Р.Македонија на конференцијата земаа учество и претставници од Бугарски Црвен крст, Британски Црвен крст, Хрватски Црвен крст, Црвен крст на Естонија, Фински Црвен крст Црвен крст на Литванија, Црвен крст на Малта, Црвен крст на Холандија и Шпански Црвен крст. Целта на истиот беше споделување на искуства во ова област како и иницирање на дополнителни проценки во некои од Националните дружтва со цел развивање на активности во самите центри. Црвен крст на Р.Македонија е присутен во центрот Гази баба со здравствена заштита за овие лица, психосоцијална поддршка базирана на индивидуалниот пристап, хуманитарни асистенции како и поддршка во воспоставување на семејни врски.

oslo1

oslo2

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE