Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

АРХИВА НА НАСТАНИ 2017

„Да споделиме радост“

radost„Да споделиме радост“
Заедничка хуманитарна акција на ЕВН Македонија и Црвен крст

Црвениот крст на Република Македонија во соработка и со поддршка на ЕВН Македонија и оваа година по шести пат организираше заедничка хуманитарна акција „Да споделиме радост“.

Црвениот крст на град Скопје, на 28.12.2016 год. организираше заеднички Новогодишен настан за 150 деца со посебни потреби, деца со воспитно социјални проблеми и деца од ранливи категории семејства во просториите на Кинотека на Македонија. За сите нив Кинотеката овозможи кино проекција на 3Д анимиран филм, наменет токму за нив.

За комплетна дружба и предновогодишна радост на децата се погрижи и Дедо Мраз кој заедно со претставниците на ЕВН Македонија, Црвен крст на град Скопје и волонтерите од клуб на млади на Црвен крст на град Скопје, ги доделија слатките подароци-пакетчиња.

 

Волшебна елка на желби

elka zelbiВолшебна елка на желби

На 05.12.2016г. децата од зрижувачки семејства ги запишаа своите новогодишни желби и заедно со волонтерите на Црвениот крст на град Скопје ги закачија на големата елка поставена во Ramstore Mall.

Желбите беа разновидни - чевли, играчки, наочари за скијање, санка, убава облека. Сите тие беа искрени и посакани од срце. Изминативе денови многу хумани граѓани ја посетија Волшебната елка, избраа лампион и остварија желба.

Благодарност до вработените од ИОМ Македонија, Mоve one, Мото клуб Потфат МЦ, ФБ групата Coffee and friends, Учениците од ОУ 11 Октомври IV 2 одделение, нивните наставнички и родителите, Делта проект, градежна компанија Голден арт, брашно Кадино и ТЦ Рамстор мол и Комерцијална банка а.д. Скопје и Меѓуопштински центар за социјални работи.

Ова година беа доделени и 17 подароци за децата од Сирија и Ирак кои се сместени во прифатниот центар Табановце.

Сумеа доби санка, Кристијан количка, Ајше точак, Влатко копачки....се беше исполнето благодарение на хуманисти од нашиот град, од нашата земја

 

Споделувањето на празнична атмосфера, насмевките, посветеноста...

Споделувањето на празнична атмосфера, насмевките, посветеноста, радоста и искрените желби со корисниците, се се она што може да се почувствува во просориите на Црвен крст на град Скопје во последата недела од 2016 година.
По повод новогодишните празници за 90 семејства во ризик беше организирана дистрибуција на пакети со храна, а за 45 дечиња беше организирана забава со Дедо Мраз.

nova

По повод новогодишните празници на 30-ти Декември...

По повод новогодишните празници на 30-ти Декември, Градоначалникот на град Скопје, г-дин Коце Трајановски, го посети Пунктот за бездомници на Црвен крст во Момин Поток и им подели на 50-те корисниците на пунктот подароци со топла облека.
Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје, кој функционира веќе 8-ма година, нуди повеќе услуги за лицата кои немаат свој дом и има за цел да овозможи тие да ги остварат основните човекови права и да се реинтегрираат во општеството. Истиот е финансиски поддржан од Градот Скопје и повеќе компании и граѓани. Заради студениот бран од утре истиот ќе биде отворен 24 часа за бездомниците.

bezdomnici

bezdomnici1

Поддршка за бездомните лица

01Поддршка за бездомните лица

Пунктот за бездомници на Црвен крст на град Скопје лоциран во Момин Поток функционира од 2008 година со поддршка на градот Скопје. За време на студениот бран пунктот станува прифатилиште кое нуди 24 часовно згрижување на лицата кои имаат потреба од згрижување.
Моментално 16 лица престојуваат во прифатилиштето и ги користаат услугите кои ги нуди Црвен крст на град Скопје.
Граѓаните може да се јават на 02/3139 578 или 071/733-171 доколку во своја околина забележат бездомно лице и по нивна дојава, мобилниот тим на град Скопје ќе го превземе и ќе го смести во прифатилиштето каде ќе може да се избања, добие топла облека, добие храна, медикаменти, преглед од лекар и поддршка од социјален работник.

 

 

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE