Пребарувај по датум:

Нега Центар

НЕГА ЦЕНТАР е сервис за домашна нега и грижа на стари и немоќни лица од страна на сертифицирани и професионални негуватели, за секој оној кој не  е во можност да се грижи и функционира самостојно, но не сака да биде сместен во институција, туку сака грижата да ја добива во удобноста на својот дом. НЕГА ЦЕНТАР официјално започнува со работа со корисници во домашни услови во Јануари 2018 година.

КОИ СЕ ОСНОВНИТЕ АКТИВНОСТИ ВО НЕГА ЦЕНТАР?

  • обезбедување на услуги во домашни услови наменети за стари и немоќни лица од страна на сертифицирани негуватели на територија на град Скопје;
  • обука и сертифицирање на нови негуватели во рамките на тренинг центарот на Црвениот Крст на Република Македонија.

ШТО ОПФАЌА НЕГАТА ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ И КОЈ МОЖЕ ДА ЈА КОРИСТИ?

Нега Центар континуирано работи на подигање на свеста за потребата од професионална и квалитетна домашна нега, која ја пружаат сертифицирани негуватели и постојано работи на надградување на капацитетите на негувателите кои работат на терен преку обуки, работилници, средби за размена на искуства и студиски посети.

Во широкиот спектар на услуги за нега се вкучени основни и дополнителни услуги, а за секој корисник се подготвува посебен пакет услуги во зависност од индивидуалните барања и потреби. По проценка на тимот и во договор со корисникот се доделува соодветен негувател, кој претходно се запознава на дополнителна средба. 

Нега Центарот е отворен за странки од понеделник до петок, од 08:00 до 16:00 часот и на контакт телефонот 070 35 22 46 . Секој оној кој има потреба од нега за себе или свој познаник, пријател или член на семејство, може да го пријави случајот во Нега Центар.

ШТО ОПФАЌА ОБУКАТА ЗА НЕГУВАТЕЛ/КИ НА СТАРИ И НЕМОЌНИ ЛИЦА?

Негувателите за стари и немоќни лица поминуваат обука која е во времетраење од три месеци. Главна цел на програмата е негувателот да стекне знаења, вештини и компетенции за давање на основни здравствени и социјални услуги во домашни услови на лица кои поради возраст, хронични болести и/или други причини се во состојба на изнемоштеност и неможност да се грижат за себе.

 Услугите се од различна природа и форма и ја заменуваат институционалната грижа и другите форми на организирана грижа. Реализацијата на програмата се одвива преку теоретски и практичен дел. Стручно-теоретските содржини се реализираат во тренинг центарот на Црвен Крст на Република Македонија. Практичната обука на работно место се изведува во домови за сместување на стари лица, како и во домашни услови. Негувателите на Нега Центарот се обучени за давање на прва помош и се стекнуваат со компетенции за давање на нега во домашни услови.

Локација: Црвен Крст на Северна Македонија – бул. Кочо Рацин бр. 13, 1000 Скопје

Работно време : понеделник-петок 08:00 до 16:00 часот,

Координатор на одделот, Александра Боева – skopje.negacentar@redcross.org.mk

Fb: Нега Центар/Nega Centar

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.