Пребарувај по датум:

Пункт за бездомници – Момин поток

Пунктот за бездомници во Момин Поток е отворен на 25ти јануари 2008 година, додека Стационарниот дел-Прифатилиштето е отворено во 2010 година, што значи дека прифатилиштето е во функција повеќе од 9 години и функционира во текот на целата година. Пунктот за бездомници во Момин Поток 11 години во континуитет е единственото место каде бездомните лица добиваат услуги од доктор,социјален работник и психолог како и хигиенски и берберски услуги. Пунктот за бездомници е отворен секој работен ден за консултација, додека бањањето, менувањето на нечистата облека, добивање топол оброк, добивањето на медикаменти, прегледи кај доктор како и вадење на лична документација и ред други активности се реализираат два пати во неделата каде на дневна основа се услужуваат по 80 бездомници. Во просек 80 бездомни лица секој петок добиваат услуги од стручниот тим од кои 15 бездомни лица се реинтегрирани во здравите општествените текови.

Во пунктот за бездомници при екстремно ниските температури функционира и привременото прифатилиштето за бездомници на Црвен крст, место кое е подготвено во секое време да прими бездомно лице кое е во тешка здравствена состојба, а за кој нема итно решение за сместување во соодветна институција. Исто така за зимскиот период се изготвува План за дејствување во екстремно ниски температури во чии рамки се планира и отворање на Прифатилиштето и 24 часовни дежурства на екипи на Црвен крст и возило кое дејствува на терен.

Во пунктот за бездомници во Момин Поток на 26ти јули 2017 година се отвори новиот објект-женското одделение кое има сместувачки капацитет од 16 легла. Вкупно капацитетот од машкото и женското одделение се 32 легла,но доколку се појави поголем број на бездомници за згрижување овој простор се адаптира и може да се сместат до 40 бездомници.

Во јуни месец 2019 година со поддррка на Градот Скопје, се отвори и трпезарија во рамките на пунктот за бездомници која има капацитети за 40 бездомни лица. Заради добрите капацитети ќе се користи и како просор за нивна социјализација.

Координатор на одделот, Драгана Лазаревска – бр на телефон: 071/733-171
dragana.lazarevska@yahoo.com

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.