Отворен прв Ценатр за поддршка на лицата со оштетен вид во Р.Македонија

На 21 декември е отворен е првиот центар за поддршка на лицата со оштетен вид во Р.Македонија. Центарот за поддршка ќе ги поддржува лицата со оштетен вид и нивните семејства, со широк спектар на активности и работилници за здравствена превенција, образование, психо-социјална поддршка и инфомирање за правата на лицата со оштетен вид.
Центарот ќе служи како основен давател на социјални услуги во соработка со Националниот сојуз на слепи лица во Македонија, а менаџиран од страна на Црвен крст на град Скопје. Услугите ќе им даваат можност на лицата со оштетен вид не само да станат свесни за своите права, но исто така да ги застапуваат истите со цел поголема вклученост во општеството и квалитетот на живеење.

Центарот за поддршка на лицата со оштетен вид претставува нова компонента во рамките на проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот имплементиран од страна на Факултетот ЈИЕ.

Центарот е лоциран во просториите на Црвен крст на РМ (Бул.Кочо Рацин бр.13) со работно време од понеделник до петок од 09.00-17.00.

osteten vid1

osteten vid2