Одбележување на Светски ден на туберколоза

Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје се приклучи кон одбележување на Светскиот ден на туберколоза под мотото “Здружени да ја елеминираме туберкулозата-никој да не биде заборавен”. Пред спомен куќата на Мајка Тереза волонтерите делеа промотивни флаери, а имаше и штанд на кој секој случаен минувач имаше можност да го провери своето знаење и да одговори на квиз прашања поврзани со туберколозата. За сите заинтересирани кои се вклучија во активноста имаше пригодни подароци. Голем број на нашите сограѓани беа дел од ова активност и покажаа солидни знаења. Aктивноста се спроведува во соработка со Црвен крст на Р.Македонија а е поддржана од Министерство за здравство на РМ, во рамки на проектот ДОТС интервеции во РМ, финансиски поддржан од Глобалниот фонд.

28.03.2017 128.03.2017 2