Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

За Скопје со љубов. Дарувај крв - Биди хуман

Традиционална Крводарителска акција „За Скопје со љубов. Дарувај крв - Биди хуман“

Црвен крст на град Скопје во соработка со Институтот за Трансфузиона Медицина, традиционално, на 26 Јули во просториите на ДХО Даре Џамбаз, организира крводарителска акција во знак на сеќавање на катастрофалниот земјотрес во Скопје, но и во знак на покажаната солидарност и хуманоста на нашите сограѓани. На акцијата крв даруваа187 дарители. Оваа година, акцијата беше одбележана во знакот на хуманоста и за стручната служба на Црвениот крст, која се приклучи со дарување на крв и со тоа придонесе во процесот на промоција и унапредување на крводарителството. Поддршка кон акцијата даде и компанијата Македонија лек, која за дарителите донираше подароци од нивниот асортиман.

Крводарителската акција се реализираше во просториите на Дневниот центар за дарување на крв на Црвен крст - место каде крводарителите може да даруваат крв, да се дружат, разменуваат искуства, како и место за подобар пристап до информации за крводарителството. Бројката на лица кои доброволно дарувале во просториите на Центарот за дарување на крв во период од 01.01.2017 до 30.06.2017 год. (во кои не спаѓаат организираните акции на Општинските Организации на Црвениот Крст)   е 1037 евидентирани крводарувања што во просек претставува од 150 до 200 дарители на месечно ниво .

27.07.2017 1

27.07.2017 2

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.