Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Летен камп Харалдвиген, Норвешка 2017

(Твининг проект)

Во периодот од 6.08 до 12.08 тројца волонтери и две лица од стручната служба на Црвен крст на град Скопје учествуваат на летен камп за деца со посебни потреби кој се одржа на островот Харалдвиген, Норвешка. Деновите поминати на кампот беа исполнети со многу интересни активности како прошетки со чамци и риболов на отворено море, посета на соседен остров, кајакарење, посета на најголемата ЗОО градина во Норвешка во градот Кристијансанд, маскембал и боење на лица, танцување, тобоган, капење во море, мали олимписки игри... Оваа година, со свечена вечера и прием за гости, кампот одбележа 50 години од изградба на истиот, а во посета на настанот беше и г. Свен Молеклеив- претседател на Норвешки Црвен крст, со кого имавме можност да поразговараме за придобивките од Твининг проектот.

Убаво поминатото време и заедничките активности се одличен начин за размена на искуства за работа со оваа категорија лица. Активноста е дел од Твининг програмата која Црвен крст на град Скопје ја реализира со Црвен крст Телемарк -Норвешка.

17.08.2017

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.