Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Недела на Промоција на хумани вредности 21 до 27 септември

ПХВ неделата со одлука на ИО на ЦКРМ се одбележува од 2012 година и тоа од 21 до 27 септември и е дел од традиционалниот календар на Црвен крст на РМ. Целта на неделата е промоција на мирот и соживотот но и активирање на младите во летниот период (ако знаеме дека подготовките за неделата треа и по 2 месеци), локална промоција на клубовите на млади во секој град, промоција на Национално ниво како и промена на дневна рутина на младите. Низ годините одбележувањето изгледаше вака:

- 2012 година - драма “Погодете кој доаѓа на вечера”

- 2013 година - ТВ Шоу со краток ПХВ филм, со презентирање на локална музика и танци

- 2014 година - Заедничко танцување познато како flash mob на музичката нумера Happy

- 2015 година - Поетски читања на различити јазици кои се користат во нашата земја

- 2016 година Театарска претстава “Приказна за една идеја” (животот и делото на А. Динан)

Некаде околу 900 младинци секоја година се анимираат, а некаде околу 6.000 луѓе ги проследуваат настаните на национално ниво.

Како дел на активноста за 2017 година низ градовите беше објавен конкурс за краток расказ и фотографија на тема „Промоција на различности“ која имаше за цел да ја пренесе пораката на различноста во градот од каде доаѓа оној кој го пишува расказот или ја прави фотографијата. На секој централен настан ќе бидат прочитани најдобри раскази и ќе бидат прикажани најдобри фотографии. За освоено прво место за фотографија и расказ на национално ниво, следува награда - викенд престој во Струга за цело семејство. На самиот настан ќе бидат изведени од три до пет реклами за Црвен крст подготвени од страна на младинците со јасна порака на промоција на различности, промоција на мирот и толеранцијата како и промоција на вредности на Црвениот крст. Централно место ќе го завзвеме прикажувањето на пантомима изведба на тема Култура. Пантомимичарите ќе бидат облечени во црвено бела боја со знаци на лицето. Младите ќе имаат слобода да ја презентираат културата на свој начин. На крај на настанот предвидено е свечено да им се доделат дипломите на младинците кои оваа година ги сработиле малите ПХВ проекти. На тој начин ќе го уважиме нивниот труд, а и ќе ги мотивираме да продолжат да волонтираат во редовите на организацијата.

Ова година се изработени 173 мали проекти од страна на 1157 младинци преку кои се вложени 32.490 волонтерки часа.

20.09.2017 1

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.