Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Работилница за CV и јавно говорење

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид, при Црвен крст на град Скопје, се реализираше работилница за јавно говорење и изработка на професионално CV. Корисниците имаа можност да се запознаат што е тоа CV, зошто е потребно и како истото јавно да го презентираат.

Во текот на работилницата се потенцираа пет основни принципи за изработка на добро CV како што се лични податоци, работно искуство, едукација и тренинг, лични вештини и препораки. Исто така, корисниците се запознаа со изработка на мотивационо и пропратно писмо. Покрај ова корисниците имаа можност да се запознаат и со јавно презентирање на своите вештини односно јавно говорење. Центарот и понатаму ќе продолжи со разни едукативни работилници кои ќе ги потикнат и мотивираат корисниците да ги развијат своите вештини и потенцијали.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се реализира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

14.11.2017

 

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.