Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Курсеви за компјутери за слепи и слабовидни лица

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид, при Црвен крст на град Скопје, на 27.11.2017 започнаа курсевите за компјутери за лица со оштетен вид во просториите на Црвен крст на Република Македонија. Курсевите за компјутери адаптирани на потребите на лицата со ошетен вид се реализираат во соработка со тим од Европскиот Универзитет кои се обучувачи на ECDL програмата. Претходно обучувачите учествуваа во обука како да постапуваат со лица со оштетен вид.

На 27.11.2017 на седумнаесет лица со оштетен вид им беше презентирана програмата на ECDLStartсертификатот. Програмата е предвидено да трае четири месеци, секој кандидат на почетокотот на програмата добива индекс и на завршување на основниот циклус сертификат, кој е меѓународно признаен. Со оваа активност лицата со оштетен вид ќе имаат можност да добијат основно познавање на компјутерските вештини, а на најдобрите ќе им се овозможи и напреден курс за обучувачи, за тие понатаму да ги реализираат обуките за работа на компјутери за лицата со оштетен вид. Целта на активноста е лицата со оштетен вид да се оспособат да работат на компјутери, активираат, ангажираат и подобро котираат на пазарот на трудот за нивно понатамошно вработување и поголема инклузија во општеството.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се реализира во рамките на проектот на „УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

30.11.207

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE