Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Под мотото “ЗАЕДНО едни за други”

Под мотото “ЗАЕДНО едни за други”, dm дрогерие маркт подари 200 пакети на социјално загрозени и бездомни лица!

По повод новогодишните и божиќните празници dm дрогерие маркт во соработка со Црвениот крст на град Скопје, под мотото “ЗАЕДНО едни за други” оваа година подари 200 новогодишни подарок пакети со производи за основна лична хигиена, како и новогодишна честитка. Овие подароци тежнеат да им подарат радост, да им ги исполнат срцата со топлина и за момент да внесат среќа во живот на корисниците во Пункт за бездомници на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток, Центар за бездомни лица „Чичино Село“ и бездомните лица сместени ЈУ „Ранка Милановиќ“ - Меѓуопштински Центар за социјална работа.

Оваа активност на dm и Црвениот крст, покрај хуманитарен карактер има за цел да испрати порака и до останатите компании и институции, дека постојат луѓе на кои секојдневно им е потребна наша помош, со надеж дека овој чекор ќе влијае инспиративно за останатите комапнии да се приклучат со свои иницијативи за помош на најранливите групи на население во Македонија.

28.12.2017 PR CSR

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
08:00 до 15:00 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE