Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Обука за 26 волонтери на Црвен крст

Обучени тренери од Црвен крст на РМ- Црвен крст на град Скопје, на 17 и 18.02 реализираа обука за моделот на врсничка едукација и потребните вештини кои треба да ги има секој врснички едукатор, за 26 волонтери од ЦК на град Скопје и општинските организации на територија на град Скопје. Во втората фаза од оваа обука,  волонтерите ќе бидат поделени според полето на интерес кое претходно го одбрале (ХИВ/СИДА или Трговија со луѓе), и ќе добијат продлабочени знаења од конкретната област.
По завршување на втората обука, обучените едукатори ќе спроведат едукативни работилници во 10 училишни клубови на Црвен крст (на македонски, албански и ромски јазик), преку кои ќе се опфатат повеќе од 600 ученици за двете теми.
Активноста е во рамки на проектот „Училишни клубови за едукација и превенција на Црвен крст“ поддржан од град Скопје.

20.02.2018

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10 до 16 часот
Сабота од 10 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE