Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Дарувај крв. Сподели живот

„Биди тука за другите. Дарувај крв. Сподели живот“- Одбележан Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни

Секоја година, земјите од целиот свет го слават Светскиот ден на крводарителството 14 Јуни. Преку разновидни настани организирани на овој ден, сакаме да им се заблагодариме на доброволните, неплатените крводарители и да ја подигнеме јавната свеста за потребата од редовни крводарители, со цел обезбедување на квалитетна, безбедна и достапна крв и крвни продукти за пациентите на кои им е потребна. Акцент на овогодинешната кампања е крводарителството како чин на солидарност, преку кој се нагласуваат основните човечки вредности - алтруизам, почитување, емпатија и љубезноста. Слоганот: " Биди тука за другите. Дарувај крв. Сподели живот.", го користиме во насока на поттикнување на  луѓето да се грижат едни за други и да генерираат општествени врски.

Настанот  за одбележување на 14 Јуни, Црвен крст на град Скопје го реализираше во просториите на Дневниот центар за дарување крв („ДХО Даре Џамбаз“), кој оваа година одбележува 5 (пет) годишнина од отворањето а во него реализирани се вкупно 9 369 единици крв. Присутните ги поздрави секретарот на Црвен крст на град Скопје, градоначалникот на град Скопје г. Петре Шилегов, кој се осврна на поддршката од град Скопје на иницијативата за отварање на Дневен центар за дарување крв и поддршката кон активностите поврзани со доброволно крводарителство, како и државниот секретар во Министерство за здравство на РМ д-р Владимир Милошевски.

Во склоп на настанот, доделени беа благодарници и плакети на организации/ институции за нивниот придонес во процесот на промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје. Наградени беа Алкалоид ад Скопје и Град Скопје со плакета, а со благодарници Мото клуб Потфат МЦ,  Мото Клуб ГАРДИАН ЕНЏЕЛС, Управа за јавни приходи на РМ, „Раде Кончар – контактори и релеи“,Агенција за катастар на недвижности – Република Македонија, Сојуз на извидници на Македонија, Сава осигурување

Градоначалникот на град Скопје г. Шилегов го посети и Дневниот центар за стари лица, оствари разговор со корисниците, волонтерите и одговорните лица во истиот.

14.06.2018

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE