Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Одбележување на Светскиот Ден на белиот стап

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид - Црвен крст на град Скопје, на 16 Октомври 2018 година, во период од 11:00 – 13:00 часот, се одржа одбележување на Светскиот Ден на белиот стап со свечено доделување на меѓународно признаени ЕЦДЛ сертификати на 22 лица со оштетен вид – корисници на Центарот, кои успешно го завршија првиот ЕЦДЛ сертифициран курс по компјутери адаптиран за нивните потреби. По доделувањето на сертификатите, неколку корисници го пренесоа своето искуство од личен аспект за значењето на ваквиот вид на курсеви наменети за лица со оштетен вид. Кон самиот крај на настанот, премиерно беше прикажано првото едукативно видео за правилно постапување кон лицата со оштетен вид преку 10 практични примери и совети. Видеото беше подготвено од страна на членови на тимот на Центарот, волонтери и корсисници на Центарот. На настанот присуствуваа 42 учесници – корисници на Центарот, претставници од стручната служба на Црвен крст на град Скопје, Секретарот на Црвен крст на град Скопје, Секретарот на Националниот Сојуз на Слепи на РМ, претставник од УСАИД, претставник од УЈИЕ (Универзитет на Југоисточна Европа), претставници од ЕЦДЛ и претставници од ЕУРМ (Европски Универзитет – Република Македонија).

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

16.10.2018

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE