Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Мотивациска работилница за деца со оштетен вид

Во рамките на Центарот за поддршка за лица со оштетен вид - Црвен крст на град Скопје на 25.10.2018 година во ДУРДМОВ “Димитар Влахов”, се реализираше мотивациска работилница за деца со оштетен вид.

Мотивациската работилница во организација на тимот на Центаротво училиштетосе реализира на месечно ниво, со цел ставање на акцент на индивидуалните позитивни вредности кај децата со оштетен вид. Целта на овој вид на работилници е анимирање на децата со оштетен вид и мотивација за што поголемо активно учествување во секојдневните активности на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. Работилницата се состоеше од неколку вежби во кои децата со оштетен вид преку една интеракција, забава и тимска работа ги постигнаа саканите резултати со откривање на нивните лични квалитети и вештини кои ги поседуваат. Сите учесници на работилницата покажаа голем интерес за учество во наредни работилници и активности во реализација на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид поради што, Центарот во иднина ќе продожи со реализирање на повеќе мотивациски работилници. На работилницата активно учество земаа 19 учесници – ученици од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид и тимот на Центарот.

       Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

26.10.2018

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE