Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Работно - информативен состанок наменет за персонални асистенти и лица со попреченост

             Во рамките на Центарот за поддршка за лица со оштетен вид - Црвен крст на град Скопје на 13.12.2018 година во простории на ДХО - Даре Џамбаз, Скопје, во рамките на пилот Програмата за персонални асистенти за лица со попреченост поддржан од страна на МТСП и имплементирачки партнер – Црвен крст на град Скопје, се реализираше работен состанок со цел подетално информирање на персоналните асистенти и корисниците на оваа услуга како и сите заинтересирани корисници за истата, за сите законски регулативи и права кои им следуваат на корисниците и персоналните асистенти поврзани со оваа тема. Темите кои беа разгледани и дискутирани на состанокот беа: комплетен опис на услугата за персонален асистент, финансискиот надоместок за персоналниот асистент на месечно ниво, потребите на корисниците, начинот на рефундирање на средствата за патни трошоци за персоналниот асистент и работните часови кои се исполнуваат во рамките на услугата од страна на персоналните асистенти.

На состанокот активно учество зедоа 30 учесници - претставници од МТСП, ЦКРМ, Сојуз на слепи на РМ, членови на Сојузот на слепи на РМ, членови на Сојузот на слепи и корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид, претставници од УЈИЕ (Универзитет на Југоисточна Европа) и тимот на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. Состанокот беше од интерактивен карактер помеѓу сите учесници.

        Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

14.12.2018 1

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE