Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Обука за постапување со лица со оштетен вид наменета за планинарско здружение Натура МК

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје, на 19 Декември 2018 година, се одржа обука за правилно постапување со лица со оштетен вид, наменета за претставници и членови на планинарското здружение – Натура МК. Обуката се реализираше со цел, дисеминација и обучување на водичите од здружението за идна планирана заедничка активност, односно планинарење на одредена локација во кое ќе бидат вклучени сите заинтересирани корисници на Центарот за поддршка. Во самата обука, активно учество зема еден корисник на Центарот за поддршка, кој преку своето лично искуство, на учесниците им го доближи своето секојдневие како лице со оштетен вид и им го пренесе своето лично искуство од неговото секојдневие.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

21.12.2018

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE