Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Едукативно предавање за превенција од Диабетес наменето за лицата со оштетен вид

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид - Црвен крст на град Скопје, на 07 Февруари 2019 година, во просториите на Сојузот на слепи при град Скопје, се реализираше едукативна работилница на тема – Диабетес, наменета за корисниците на Центарот за поддршка. Работилницата беше од интерактивен карактер преку една дискусија помеѓу корисниците и едукаторот - медицинско лице – претставник од Стручната служба на Црвен крст на град Скопје кој ја водеше работилницата. Сите присутни корисници на работилницата можеа да добијат соодветни одговори и совети за оваа болест како и да се информираат подетално за истата. Темата опфати повеќе содржини како – статистички податоци на светско ниво во однос на луѓе заболени од оваа болест, рано откривање, симптоми, видови на Диабетес, превенција и лекување на болеста. Оваа тема беше предложена и планирана од страна на тимот на Центарот за поддршка, поради причината дека е еден од најголемите фактори и причинители за појава на слепило. На работилницата присуствуваа 18 корисници на Центарот за поддршка, 1 претставник од Стручната служба на Црвен крст на град Скопје и 1 претставник од Центарот за поддршка.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

11.02.2019

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE