Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Обука за правилно постапување со лица со оштетен вид наменета за волонтери

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид - Црвен крст на град Скопје, на 08 Февруари 2019 година, се реализираше обука за правилно постапување со лица со оштетен вид наменета за идни волонтери кои ќе бидат вклучени во редовните активности на Центарот за поддршка. Обуката се состоееше од презентација на работата на Центарот, неговото функционирање и редовните активности во Центарот, совети за правилно постапување со лицата со оштетен вид преку практична презентација, прикажување на едукативното видео за правилно постапување со лица со оштетен вид како и демонстрација преку вежби на реални ситуации со кои лицата со оштетен вид секојдневно се соочуваат. Волонтерите се стекнаа со потребните знаења, совети и насоки за правилно постапување на лицата со оштетен вид, преку една интеракција помеѓу учесниците и тимот на Центарот за поддршка. На оваа обука активно учество зедоа 2 волонтери и 4 претставници од тимот на Центарот за поддршка.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

11.02.2019 1

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE