Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Реализиан семинар за волонтери за здраво стареење во заедницата

Во периодот од 22-24 Март во тренинг ценарот Солферино - Струга беше реализиран семинар за здраво стареење наменет за волонтерите при Црвениот крст. Целта на семинарот беше присутните да се информираат за компонентите на здравото стареење, превентивните и ризик факторите поврзани со здравјето на луѓето во текот на нивното стареење и притоа се користеа алатки и прирачници подготвени од страна на Меѓународна федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина. Темите кои беа обработувани се незаразните болести кај старите лица, социјалната изолација, спроведување на проценка, здрава исхрана, бенефити на доживотното учење, важноста на психосоцијалната поддршка, како и запознавање со физичките вежби применливи за активно и здраво стареење.

На семинарот учествуваа волонтери од клубовите на млади при општинските организации на Црвениот крст на територија на град Скопје, волонтери од тимовите за одговор при катастрофи, спасување на планина како и центарот за безбедност на вода, претставници од дневниот центар за грижа за стари лица при ЦКГС, волонтери од мобилниот тим во Лојане и ЦКРМ ОО Струга.

Поддршка за превод на прирачниците и алатките кои се користеа, како и за целокупната организација на семинарот даде Австрискиот Црвен крст и град Виена.

25.03.2019

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE