Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Со поголема транспарентност до поголемо влијание

Како дел од проектот „Со поголема транспарентност до поголемо влијание“ финансиски поддржан од МЦМС Скопје, Црвен крст на град Скопје го воведува новиот софтвер „Пантеон“. Во тек се обуките на вработените лица за користење на истиот и усогласување на внатрешните процедури за работа. Преку оваа новина во работењето, придонесуваме кон постигнување на главната цел на проектот -Придонес кон зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за траспарентност и отчетност кон партнерите, донаторите и јавноста, како и нашата специфична цел -Унапредување на работата на Црвен крст на град Скопје во делот на сметководственото и финансовото работење, материјално- магацинското работење, логистика, кадровска евиденција и пресметка на плати.

Со имплементација на проектот, Црвен крст на град Скопје очекува позитивен исчекор во следење на новите текови со крајна цел унапредена и подобрена имплементација на активностите, подобра отчетност и транспарентност, повисоки стандарди во работењето, кои ќе бидат добар пример за одговорно работење, пружање помош и поддршка во заедницата и кон нашите крајни корисници. Преку овој пристап ќе ја подигнеме свеста за значењето на поставување стандарди во работењето, пред партнерските организации, донаторите, но и јавноста кои од граѓанските организации очекуваат стабилно и транспарентно партнерство. Повисоките стандарди во работењето, значат и зголемена доверба.

12.04.2019

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE