Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Посета на собрание на Црвен крст Телемарк

Во рамките на твининг програмата која веќе трета година успешно се имплементира помеѓу Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк се реализираше посета на собрание на Црвен крст Телемарк - Норвешка и општински организации на Црвен крст Телемарк од страна на тим од Црвен крст на град Скопје.

Троица претставници од Црвен крст на град Скопје имаа можност да го проследат собранието на Црвен крст Телемарк, во градот Врадел заедно со 200 членови на Црвен крст Телемарк и да добијат знаења за програмите, активностите, начинот на функционирање, капацитетите и потребите на Црвен крст Телемарк. Собранието го отвори г-динот Роберт Муд, претседател на Црвен крст на Норвешка и г-ѓа Туна Сисел Кисел, претседателка на Црвен крст Телемарк, меѓу другото истакнувајќи ги позитивните резултати на твининг програмите во нашите две земји. Воедно на собраните беа презентирани социјалните сервиси, програмите и активностите на Црвен крст на град Скопје.

Оваа посета е една од многуте посети кои се реализираат во Телемарк Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, при што различни претставници од Црвен крст на град Скопје и Црвен крст Телемарк имаат можност да ги посетат двете земји и да го разменат своето искуство, подобрувајќи се. Твининг програмата се реализира со детално утврден план на акција и временска рамка, се со специфична цел двете национални друштва преку поголема дисеминација и споделувања на идеи и искуства да остварат што подобри резултати во двете земји и поуспешно помогнат на потребите на локалното население.

13.04.2019

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE