Vinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo SliderVinaora Nivo Slider

Пункт за бездомници

punkt bezdomnici

Пункт за бездомници,
секој петок и понеделник
од 09.00 до 16.00.
телефон за контакт: 071/733-171

reklami

Креативна работилница за деца со оштетен вид

Во рамките на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид - Црвен крст на град Скопје, на 18 Април 2019 година,во ДУРДМОВ Димитар Влахов, се реализираше креативна работилница наменета за децата со оштетен вид. На самиот почеток на работилницата од страна на тимот на Центарот во вид на краток вовед беше објаснето што ќе се работи на работилницата. Работилницата се состоеше од изработка на украсни предмети од стакло (стаклени тегли) со употреба на техниката декупаж преку пресликување на шарени салфети на самото стакло.

Децата во текот на работилницата покажаа голем интерес за истата и вложија голем труд во подготовка на украсните предмети. На работилницата присуствуваа 10 деца, 1 наставничка од училиштето како и 3 претставници на тимот на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид при Црвен крст на град Скопје.Собраните средства од продадените украсни предмети кои ќе бидат изложени на Велигденскиот базар во организација на Црвен крст на град Скопје и истите ќе бидат донирани за потребите на децата од училиштето ДУРДМОВ – Димитар Влахов.

Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

18.04.2019

Dneven centar za daruvanje krv

Дневен центар за дарување крв
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Понеделник до Петок од:
10:00 до 17:00 часот
Сабота од 09 до 14 часот.

dneven centar za stari lica

Дневен центар за стари лица
„ДАРЕ ЏАМБАЗ“
Секој работен ден од:
09.00 до 15.00 часот

Punkt za obleka

Пункт за облека
Понеделник, Вторник, Четврток, Петок
од 10 до 14 часот.

BANER KOPCE